Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните во изминативе 10 месеци се сведоци како владата на СДСМ ја урниса државната економија, а за тоа изговор бара во ВМРО-ДПМНЕ, небаре ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а не СДСМ.
Неуспешните политики кои ги предизвика економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев нанесоа огромна штета на македонската економија, а цената за тоа со генерации ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.
Сите економски индикатори се во слободен пад. Градежништвото падна за 20%, капитални инвестиции имаат најниско ниво на реализација, а БДП стагнира со 0%, нешто што СДСМ го смета за голем успех. Ако за СДСМ е успех 0% раст на БДП и последно место во Европа, тогаш граѓаните лесно можат да увидат дека економијата ќе продолжи да тоне со ваква неспособна власт.
Пораст на плата нема, СДСМ преку промена на методот манипулира со граѓаните фингирајќи ги статистичките податоци за исплатената просечна плата во Република Македонија.
Нови проекти нема, додека огромните задолжувања на власта стигнаа до бројка од 1,6 милијарди евра одат на товар на граѓаните и државата.
Се што порасна во овие 10 месеци се корупцијата и државниот долг кој се качи на 40,7%, податок кој владата го крие од граѓаните.
Граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од расипничкото работење на неспособната власт на СДСМ. Катастрофалната економска политика на СДСМ мора да запре.
Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Колку пократко трае оваа власт толку подобро за државата и за граѓаните.