Почитувани.

Од оваа државна компанија вчера соопштија дека веднаш откако Мицкоски стапил на функцијата директор, АД ЕЛЕМ склучило договор преку непосредна спогодба, со две компании, во вредност од 10,5 милиони евра.

Мицковски е должен да објасни пред јавноста за овој договор од 10,5 милиони евра.

Зошто цената за ископ во овие договори е повисока од сегашната цена за ископ?

Дали Мицковски бил дел од некои сомнителни шеми, по налог на Никола Груевски?

Наместо да се заканува со тужби, како неговиот претходник Никола Груевски, Мицкоски треба да одговори зошто не им исплатил К 15 на вработените во АД ЕЛЕМ за 2017 година.