Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во неговото гостување во емисијата „Топ Тема на Ваша Страна“ во која што дебатираа со Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи истакна дека грешка на ВМРО - ДПМНЕ е што проблемите кои ДУИ ги имал со Албанците во периодот кога беа во Владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ги решавале со „вадење“ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вас ви е важно да имате анти - албански сентимент се ви е поврзано со Косово и Албанија“ рече Османи.

„Кога бевме заедно во Влада, одите во село им велите таму ви направивме пат и водовод, ве прашуваат зошто нема струја, одговарате дека ВМРО и Груевски не работат и не даваат. Срамота е со оваа реторика. Наша најголема грешка како ВМРО-ДПМНЕ е што ве оставивме, почитувајќи го правилото победник со победник, комуникацијата со Албанците биде само на ДУИ и за сите грешки кои си ги имате внатре, и во ДУИ и во Владата, да ги покривате со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа веќе нема да го дозволиме.“ му реплицираше Николоски на Бујар Османи.