FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – 34 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

Повремено, некој постигнат гол станува легендарен – а извонредниот гол на Мануел Негрете во шеснаесетфиналето на фудбалското светско првенство во 1986 година каде Мексико играше против Бугарија е токму таков. Откако се соочи со предизвикот на одбраната, 27 годишниот играч одигра двоен пас со еден од своите соиграчи притоа шутирајќи ја топката со техниката ножички право во долниот десен агол во 34-тата минута.

Неговиот гол кој го отвори патот кон победата на Мексико со 2-0 пред 114.850 фанови на стадионот Азтека беше неодамна прогласен за најдобар гол на сите времиња на официјалната фејсбук страна на фудбалските првенства.