FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – 33 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
33 Швајцарија има учествувано на десет фудбалски светски првенства досега (1934, 1938, 1950, 1954, 1962, 1966, 1994, 2006, 2010 и 2014) натпреварувајќи се на 33 натпревари. Швајцарците стигнаа до три светски четврт финалиња, од кои последното на домашен терен во 1954. Последниот пат кога Швајцарците не успеаа да се квалификуваат во финалето беше првенството во Кореа/Јапонија во 2002.
Натпреварот кој Швајцарија би сакала да го заборави е средбата со Украина во шеснаесетфиналето на фудбалското светско првенство во Германија во 2006 година. На тој судбоносен ден, Швајцарците станаа првиот и до денес единствениот тим кој не успеал ниту едeн од ударите од белата точка да ги претвори во гол. Тие истотака беа првиот тим кој го заврши турнирот без да прими ниту еден гол, претходно чувајќи го голот чист против Франција, Република Кореа и Того.