FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 29 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
29 играчи од 19 земји ја имале честа да бидат водечки стрелци или да им асистираат на водечките стрелци на 20-те изданија на фудбалските светски првенства. Аргентинецот Гилермо Стабиле беше првиот од нив, благодарение на осумте гола кои ги постигна на првото светско финале во Уругвај 1930, додека пак Кулумбиецот Џејмс Родригез беше последниот кој се приклучи на таа листа, благодарение на шесте гола кои ги постигна во Бразил 2014.
Французинот Џаст Фонтејн сеуште го држи рекордот за најмногу постигнати голови на едно светско првенство: 13 во Шведска 1958. Герд Милер му се приближи кога постигна 10 гола помагајќи и на Западна Германија да заврши на третото место во Мексико во 1970, додека пак признанието за најмногу постигнати голови во Чиле 1962 го делеа шест играчи, кои се најдоа на врвот со постигнати четири гола поединечно.
На секое светско првенсво одржано од Аргентина 1978 до Франција 1998, секој од водечките стрелци постигнува по шест гола. Трендот го започна Марио Кемпес, а го продолжи Паоло Роси во Шпанија 1982, Гери Линкер во Мексико 1986, Салваторе Скилачи во Италија 1990, Олек Шаленко и Христо Стоичков во САД 1994, и Давор Шукер во Франција. Потоа бразилскиот напаѓач Роналдо уште еднаш го покачи таргетот со осум постигнати гола во Кореа/Јапонија 2002.
Целокупниот резултат на Роналдо од 15 постигнати гола на светското првенство го сруши рекордот на Милер во 1974 и важеше се до 2014, кога Германецот Мирослав Клосе го постигна шеснаесетиот гол во неговата кариера која опфаќаше четири последователни светски првенства. Како за крај, Клосе се пензионираше со златниот медал од светското првенство во Бразил.