FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 25 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
25 – На 21 Јуни 1978, Германија се соочи со Австрија во Кордоба на фудбалското светско првенство во Аргентина. За Хелмут Шон тоа беше 25-иот натпревар на светските првенство на кој тој беше одговорен за националниот тим и четврто фудбалско првенство – повеќе од било кој тренер во историјата на првенствата.
Тоа го прави неговиот рекорд извонреден, со 16 победи, 4 порази и 5 нерешени резултати низ 4 првенства (натпреварите кои ги изгубија после продолжението во Финалето на светското првенство во 1966 и полуфиналето на светското првенство во 1970 се сметаат за порази). Неговата кариера во 1966 година заврши со пораз од домаќините после легендарниот натпревар со уште полегендарен гол на Вембли.
Шон, кој почина во Февруари 1996, денес е запаметен како еден од најуспешните тренери во германската фудбалска историја и еден од најголемите кои оддале чест на оваа убава игра. За неговите достигнувања, тој беше награден во 1974 година со наградата Silver Laurel Leaf која му ја додели претседателот на Западна Германија, како и со Федералниот крст за заслуги. Како тоа да не беше доволно, тој беше именуван за почесен член на германската фудбалска асоцијација во 1980 и го доби признанието за заслуги на FIFA во 1984, додека пак германскиот печат го означи она што би било негов 100-ти роденден со комеморативно сеќавање на 1 Септември 2005.