FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 23 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
23 – Секоја земја која ќе учествува на фудбалското светско првенство во Русија 2018 може да одбере максимум 23 играчи кои ќе настапат на натпреварот. Додека многу од тимовите веќе го објавија конечниот список на фудбалери во последните недели, финалните листи со 23 играчи (вклучувајќи и тројца голмани) ќе бидат објавени на 4 Јуни од страна на FIFA.
Секоја земја мора да го поднесе стартниот тим до судијата барем 85 минути пред почетокот на секој натпревар. Овој тимски список ги вклучува сите 23 играчи – стартните 11 и 12 – те замени. Броевите на дресовите на грбот на играчите мора да се совпаѓаат со оние кои се наведени во списокот на тимот од 1 до 23, додека пак голманите и капитенот мора да бидат соодветно означени. Тројца од играчите во секоја екипа мора да бидат голмани, од кои на еден ќе му биде доделен дресот со бројот 1.