Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го исфрли судијата Фахад Ал Мирдасиј од Светското првенство во Русија.
Судијата во Саудиска Арабија доживотно е суспендиран поради местење натпревари, а тоа имаше клучна улога во одлуката на ФИФА.
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија пред две недели соопшти дека Фахад ал Мирдаси барал пари од еден клуб за да му помогне да го освои купот.
Судиската комисија на ФИФА одлучи дека тој судија веќе не ги исполнува условите и оти нема да суди на СП во РУсија.
Целиот судиски тим од Саудиска Арабија е исфрлен од турнирот, вклучувајќи ги и двајцата помошници.
ФИФА нема да повика друг главен судија, туку на нивно место ќе внесе двајца помошни судии од Соединетите Арапски Емирати и Јапонија.