FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 22 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

22 – Давор Шукер беше 22 – иот играч кој ја доби наградата Адидас Златна Копачка како најдобар стрелец на фудбалското светско првенство, кога и помогна на Хрватска да стигне до незаборавното и историско трето место во Франција 1998.

До 16- тото издание на светските првенствата, 6 играчи ја освоија Златната копачка постигнувајќи 6 гола а последни беа Христо Стоичков и Олек Саленко наоѓајќи се на врвот на листата на стрелци во САД 1994. Како и за претходната двојка, шест гола беа доволни и за Шукер да ја освои оваа престижна награда.

На дебитирањето на Хрватска на светската сцена, тој не губеше време во започнувањето на својата голгетерска приказна, па поентираше уште на првиот натпревар во Франција поставувајќи го конечниот резултат од 3-1 над Јамајка. Единствената репрезентација која го спречи Шукер во неговиот пат кон Златната копачка беше репрезентацијата на Аргентина, а златната деветка беше прецизен против сите решрезентации кои ги одмерија силите со Хрватска вклучувајќи го и натпреварот против Холандија во борбата за бронзениот медал.