FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 21 ден до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

21 – Од илјадниците играчи кои со своето учество го удостоиле фудбалските светски првенства на 20 – те изданија одржани до денес, само 422 –ца од нив ја имале честа да го освојат пехарот. Меѓу малку одбраните, само 21 ја имале среќата да се најдат на шампионскиот подиум. Очекувано е како петкратен светски шампион, најголемата група на повеќекратни победници да ја даде Бразил. Четиринаесет од играчите кои придонесоа за освојувањето на првата светска титула во 1958 година истотака беа дел и од освојувањето на втората титула во 1962 година, меѓу кои се наоѓаат и иконите Гаринча, Диди, Вава и Нилтон Сантос.

Осум години подоцна, остана само еден играч од легендарниот состав: Пеле, единствениот играч кој во историјата на светското првенство го има освоено пехарот три пати. Што се однесува до Роналдо и Кафу, и дваајцата беа дел од шампионските тимови на Бразил во 1994 и 2002.

Освен Зелено – жолтите, четири италијански играчи два пати високо го дигнаа Трофејот. Голманот Гуидо Масети, одбранбениот играч Ералдо Монзеглио, средишниот играч Џовани Ферари, и познатиот напаѓач Џузепе Меазабеа беа дел од првата победа на Италијанците на фудбалското светско првенство во 1934, а се погрижија титулата таму и да остане во 1938. Финалниот член на овој елитен победнички состав е Аргентинецот Даниел Пасарела, кој ги предводеше Аргентинците кон нивната прва светска круна во 1978 и беше дел од тимот кој ја освои круната по втор пат во Мексико во 1986.