FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 20 денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
Ниту еден друг спортски настан не го плени светот толку многу како фудбалското светско првенство. Осум различни тимови го имаат подигнато Трофејот на 20 – те првенства одржани од 1930 година – Германија, Шпанија, Италија, Бразил, Франција, Аргентина, Англија и Уругвај.
Многу драматични пресврти биле врежани во фудбалските историски книги досега: победата на САД над Англија во 1950; поразот на Италија од Северна Кореа во 1966; подемот на Камерун во 1980-тите и триумфот на непобедливите Лавови врз Аргентина на отварањето на првенството во 1990 година...
Идејата за собирање на најдобрите интернационални тимови на светот заедно на едно место за да се натпреваруваат за титулата светски шампион беше сон на група француски фудбалски делегати предводени од визионерот Џулс Римет во далечната 1920, што е главната причина поради која оригиналниот златен пехар го носи неговото име. Откако пехарот беше предаден на Бразил по освојувањето на светската титула по трет пат во 1970, FIFA наложи да се направи нов. Сегашниот Трофеј е висок 36.8 цм, изработен е од квалитетно 18 – каратно злато и тежи точно 6.175 грама.
Кој ќе биде наредниот тим кој ќе го дигне Трофејот на 21-то издание на Светското првенство во Русија, ќе дознаеме на 15 Јули.