FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 19 денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

19 – е бројот кој на својот дрес го имаше Пол Гаскоњ на фудбалското светско првенство во Италија во 1990 година. Релативно непознат за јавноста пред првенството, 23 годишниот средишен играч приреди серија на воодушевувачки настапи со кои остави трајни траги на првенствата и го започна трендот попознат како ‘Газаманиа’.

Најпозната слика од кариерата на играчот е онаа кога започна да плаче во полуфиналниот натпревар на неговиот тим против Германија таа година. Екипите беа заглавени на 1-1 резултат во осмата минута од продолжението кога Гаскоњ заработи жолт картон кој значеше автоматски неиграње во финалето доколку Англија се пласираше. Сфаќајќи ги веднаш последиците од ова, “Газа” не можеше да ги задржи солзите.

Како што се одвиваа настаните, Англија не успеа да ги совлада Германците, а одлучувачки за полуфиналната победа на Германија беа ударите од 11 метри. Во финалниот натпревар Германците ги совладаа и Гаучосите со што станаа Светски шампиони на првенството во Италија.

Газа се стекна со светска слава во Италија 1990 , а откако прерано заработи жолт картон, дојдоа и утешните зборови од неговиот тренер, Боби Робсон: “Не се грижи. Ти беше еден од играчите на турнирот. Цел живот е пред тебе, а ова е само твоето прво светско првенство.” Како и да е, ова првенство се покажа како негово последно и како кулминација на неговата кариера полна со подеми и падови.