FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 12 денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
12 – На 26 Јуни 1954, една средба меѓу соседни земји донесе спектакл кој ќе остане запаметен во историјата на фудбалските светски првенства од повеќе причини. После 90 минути од “Вжештената битка во Лозана” меѓу домаќинот Швајцарија и Австрија, резултатот беше 7 – 5. Дванаесете гола кои беа постигнати тој ден го прават натпревар со најмногу постигнати голови во историјата на Светските првенства и му обезбедија до денес посебно место во колективната меморија на двете земји.
Со температури кои достигнаа скоро 40 степени, тимовите обезбедија возбудливо прво полувреме пред 35.000 гледачи на Олимпискиот стадион де ла Понтес во Лозана. Само по 19 минути Швајцарците стекнаа предност од 3-0, пред Австрија да направи пресврт и да влезе во водство од 5 – 3 само 16 минути подоцна. Австријците водеа со 5 – 4 до полувремето и двојно ја зголемија својата предност кратко по почетокот на второто полувреме кога Теодор Вагнер го постигна својот трет гол во 53 - тата минута. Сеп Хуеги на тоа реагираше постигнувајќи го својот трет гол само пет минути подоцна со што им даде надеж на Швајцарците, пред Ерик Пробст на 15 минути пред крајот да го доведе натпреварот до точка која веќе беше надвор од можностите на домаќинот.
Додека Австрија на крајот изгуби од Западна Германија во полуфиналето и заврши на третото место на првенството, завршувањето меѓу последните четири останува нивно најголемо достигнување на првенството. Од друга страна пак, Швајцарците не успеаа да стигнат подалеку од четврт финалето и да продолжат понатаму на светското првенство таа година.