FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 11 денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

11 – Кога Џулс Римет трофејот беше предаден на Бразил на фудбалското светско првенство во 1970 година одбележувајќи го нивниот трет триумф на првенствата, ФИФА донесе одлука за изработка на нов пехар за десеттото светско првенство во 1974 година.

Со висина од 36.8 цм, Трофејот одтогаш беше подигнат 11 пати. Водечките шампиони Германија ги имаат ставено своите раце на златната статуа повеќе од кој било друг тим за сето ова време, подигнувајќи го три пати во 1974, 1990 и 2014. Бразил (1994, 2002), Италија (1982, 2006) и Аргентина (1978, 1986) го имаат освоено два пати, додека пак Франција (1998) и Шпанија (2010) имаа чест само по еднаш трофејот да биде подигнат од нивна страна.

Дали знаевте?

Трофејот на фудбалското Светско првенство останува засекогаш во сопственост на ФИФА и не може да го добие ниту една земја. Моменталниот пехар е изработен од чисто 18 каратно злато и тежи точно 6,175 кг. Базата содржи два слоеви од полускапоцен малахит, додека пак на долната страна на трофејот се гравира годината и името на секој победник на фудбалските светски првенства почнувајќи од 1974 година.