FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 10денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
10 – Фабиан Бартез и Питер Шилтон направија многу повеќе од само низа одбрани на фудбалските светски првенства. Францускиот голман и неговиот англиски колега го делат рекордот на првенствата кој ги позиционира на врвот на нивната професија, успевајќи да одиграат десет натпревари на светските првенства без да примат ниту еден гол.
Бартез ја започна својата серија успеси на домашен терен во Франција во 1998, која ја заврши успевајќи да го задржи Бразил и да обезбеди чист гол за триколорите дури до титулата светски прваци. „Љубовната врска“ на францускиот чувар со светските првенства заврши со неговиот настап во финалето во Германија во 2006 година, што беше негов 17-ти натпревар на првенствата а воедно и национален рекорд.
Шилтон успеа да го сочува својот гол по десетти пат на светското првенство пред 18 години, во победата со 1-0 на Англија против Египет во Италија 1990 година, што истотака беше и негово трето последователно настапување на светските првенства. Неговиот перформанс го прави уште поимпресивен фактот што чувањето на голот чист некогаш беше многу поредок случај за разлика од денес, со двојно повеќе регистрирани случаи на последните пет светски првенства отколку на првите пет. Шилтон исто така останува најекспонираниот играч на својата земја на сите времиња со точно 125 настапи.