Жителка на Израел го тужи својот сопруг поради тоа што во пресрет на фудбалскиот Мундијал во Русија, купил четири нови телевизори.
Израелецот сака на „раат“ и со големо внимание да ги следи натпреварите од престојното Светско Првенство.
Од друга страна, жената не сака нејзиниот стан да се претвори во „бучен машки клуб“ и го замолила нејзиниот сопруг да се пресели кај своите родители додека трае Светското првенство. Човекот одбил да се исели и и се заканил на сопругата дека ќе скрши телевизор од нејзината глава, ако таа проба да го спречи да ужива во игрите.
Светското првенство започнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули. Останува да почекаме да дознаеме дали жената ќе му се меша на мажот во гледањето на Светското првенство.