Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, изјави дека ништо нема да му помогне да се чувствува подобро по поразот на Англија од Хрватска.

Во полуфиналето на Светското првенство во Русија, Хрватска по продолженија ја совлада Англија со 2:1

Кејн на пет одиграни натпревари постигна шест голови на Мундијаот и во моментот е водечки во трката за „Златната копачка“.

- Ако ја освојам „Златната копачка“, тоа ќе биде во ред... Но, тоа не е трофејот кој го посакував. Знам дека сите се гордееја со нас, а ние посакувавме да одиме чекор понатаму. Навистина признанието нема да направи да се чувствувам подобро. Ова беше одлична можност за нас и не сум сигурен дека наскоро пак ќе ја имаме, истакна Кејн.

Меѓутоа, капитенот на англиската репрезентација наведува дека имаат и причини да одат со крената глава, бидејќи ако се споредат состојбите со оние од пред две години ова може да се смета за почеток, а не за крај.

Англија утре ќе игра против Белгија во натпревар за третото место на Мундијалот.


Администратор
14/07/2018 05:13