Вечерва и Кочани ќе биде дел од петнаесетте градови во државата во кои се организира прославата „Македонија во НАТО и ЕУ“ по повод поканата за членство во Алијансата.
Од Општина Кочани потврдија дека се е подготвено за одржување на настанот на кој ќе има многу забава и музика за граѓаните, а почетокот на програмата е закажан за 21 часот.
-Живееме во важен историски момент за Република Македонија во кој се исполнува заложбата на мнозинството граѓани за влез во големите меѓународни организации. Придобивките од приклучувањето се огромни од економски, социјален и безбедносен карактер, поради што тоа треба достојно да се одбележи, за што ги повикувам граѓаните на добра забава, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
На прославата во Кочани што ќе се одржи на платото во Трговскиот центар ќе настапат групата Баклава со специјалниот гостин Кинг Неат Велиов, Лепи Џони и Conquering Lion.