Хрватскиот селектор Златко Далиќ се соочува со проблеми, откако претпоследниот тренинг пред утрешното финалето на Мундијалот го пропуштија Субашиќ, Стриниќ, Перишиќ, Врсаљко и Ловрен.

Една од причините е големиот замор што ваде кај „коцкестите“ кои три натпревари по ред играа продолженија.

Сепак, според неофицијални информации, отсуството на петтемина е од превентивен карактер и не се работи за сериозни повреди.

Единствено кај Перишиќ ситуацијата е малку загрижувачка поради повреда на бутниот мускул, но се очекува тој да биде во стартниот состав утре против Франција.

Финалето е закажано за во 17 часот во Москва на „Лужники“.


Администратор
14/07/2018 20:18