Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) обезбеди богати парични награди за финалистите на Мундијалот во Русија. За победникот се предвидени 38 милиони долари, десет помалку за поразениот.

Ова е мотив плус Хрватска и Франција да атакуваат на шампионскиот трофеј.

Третопласираната Белгија заработи 24 милиони, додека Англија која Мундијалот го заврши на 4.место ќе добие 22 милиони.

За репрезентациите од 5-8.место се издвоени по 16 милиони, од 9-16 по 12, а за оние кои не ја поминаа групната фаза ФИФА одвои по осум милиони долари.

Вкупниот паричен награден фонд за СП 2018 е 400 милиони американски долари или 42 милиони повеќе од Мундијалот во Бразил пред четири години.


Администратор
15/07/2018 17:02