Собранието на РМ на својата веб-страница ја објави Предлог-одлуката за распишување на референдум поднесена од владеачкото мнозинство во Парламентот.

Предлогот одлуката има 5 члена, во првиот член стои дека референдумот е за консултирање со граѓаните и во него е наведено и референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и Нато со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

За датум на референдумот е предложен 30-ти септември.