Кампањата на власта и останатите албански партии од опозицискиот блок ќе го носи насловот „Излези ЗА европска Македонија“. Со ваков домејн (izlezi.mk) веќе функционира и веб портал на кој пишува дека е поддржан од коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

Од истиот домејн денеска до медиумите е испратена електронска пошта со која се повикуваат во клубот на пратениците да присуствуваат на официјалниот старт на кампањата, пренесува прес 24

Домејнот е регистириран од Генералниот секретатијат на Владата на Република Македонија.