Во Клубот на пратениците во Скопје попладне во 14 часот премиерот Зоран Заев во име на коалицијата која е за членство на Македонија во НАТО и ЕУ ќе го најави почетокот на кампањата за референдумот.
На настанот, како што информираат од владината прес-служба, покрај премиерот Заев, ќе се обрати и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и актерката Сабина Ајрула.