Пред 27 години граѓните на референдум се изборија за независност, сувереност и државност. Денес ние како генерација имаме историска можност исто така на референдум да се избориме за европска иднина, за нас и за следните генерации, порача денеска пред кичевчани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Нагласи дека ова е историска можност да гласаме ЗА обезбедување на нашата иднина како рамноправен дел од најсилните светски сојузи – ЕУ и НАТО.
-Како општество и како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса. И затоа, одовде од европско Кичево, од градот што ги живее и развива европските вредности повикувам на одлучност и одважност, истакна Спасовски.
Повика сите граѓани, заедно, повторно да направат историја и да ја поведат државата во посветла иднина.