ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ПОДРШКА
на референдумот за решавање на прашањето со името, НАТО и ЕУ интеграција на Република Македонија
Здруженијата на граѓани преставници на Националната платформа на ромски граѓански организации - НАША ИДНИНА – НАША ОДГОВОРНОСТ
Ние Здруженијата на граѓани преставници на Националната платформа на ромски граѓански организации - НАША ИДНИНА – НАША ОДГОВОРНОСТ во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември 2018 година, за решението и прашањето за името ја има нашата целосна поддршка.
Нашиот став за референдумот е граѓаните Роми да излезат на 30 септември и да го искористат своето право за одлучување со цел да обезбедиме европска иднина за Македонија со кој ќе порачаме, дека сме цврсто определени за интеграција со ЕУ и НАТО.
Се наоѓаме во исклучителен момент што ќе не обедини сите нас, бидејќи членството во ЕУ и НАТО е во корист на сите граѓани.
Земјите членки на двата најголеми сојузи, како што посочуваат, посакуваат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.
Со зачленувањето во овие сојузи стануваме дел од семејствата кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина.
Тоа ќе обезбеди поголема сигурност и за интеграција на заедницата на Роми во државата и пошироко.
Оваа поддршка, е признание за нашата посветена работа, во насока на побрзото вклучување на Ромите во Македонското и Европското општество.
НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантира иднината на сите членки подеднакво.
Како најголеми поддржувачи на Ромите и нивната социјална интеграција, ЕУ низ годините со својата поддршка и механизми посочува дека граѓаните Роми се витален дел од Македонското општеството кое треба да биде вклучено во сите сфери на делување.
Ние, Ромите, гледаме позитивна промена и обновено чувство на оптимизам, отвореност, енергија и надеж.
Очекуваме низ процесот за интеграција во ЕУ и НАТО, Владата да се зголеми интензитетот на мерки и политики за побрзо социјално вклучување Ромите во Македонското општество, и со самото тоа, да се даде, позитивен пример во регионот и светот во начинот на интеграција на Ромите во општеството.
Здруженија на граѓани преставници на Националната платформа на ромски граѓански организации НАША ИДНИНА–НАША ОДГОВОРНОСТ