Со поддршка за престојниот референдум излезе и Отец Пимен, кој во видео изработено од страна на коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“, повика на излезност и поддршка на референдумот со глас „За“.

Во овие историски моменти за Македонија, кога одлучуваме за иднината на нашата земја, потребно е секој секому да подаде рака, да ги надминеме сите оние разлики и кавги, меѓу нас кој се појавуваат и да се обединиме во идејата за европска иднина на нашата земја. Ова е историска шанса која што не смееме да ја пропуштиме, затоа на 30-ти ќе излезам и ќе го дадам својот глас „ЗА“. – вели Отец Пимен во видеото.

Покрај Отец Пимен, со поддршка за референдумот излегоа Жан Митрев, Орце Камчев, Наумче Мојсоски, Викторија Лоба, Митко Јанчев, актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци како и поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој рече дека ќе излезе, но нема да гласа „За“.