Со натпреварите Барселона – ПСВ Ајндховен и Интер – Тотенхем вечер од 18:55 часот почнува сезоната 2018/19 во Лигата на шампионите.

Учество во групната фаза од елитното натпреварување имаат обезбедено 32 екипи кои пријавија вкупно 931 играч. Од нив 6 отсто, односно 54 фудбалери го имаат освоено вредниот трофеј.

49 отсто од нив (459) веќе имаат играно во главната фаза, а 236 играчи (25 проценти) постигнаа барем еден гол.

Бранител на трофејот е Реал Мадрид.