Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвува за престојниот референдум. Членовите на ОИК во моментов работат на формирање на 167-те одбори, информираше претседателот на ОИК, Звонимир Николовски. Во моментов се ажурираат податоците за претседателите на избирачките места, заменици, членови.

- Подготовките течат интензивно, мора да напоменам дека Куманово, по Битола има најголем број на изборачки одбори на ниво на Македонија, работиме согласно правилниците и насоките кои ги добиваме од ДИК, изјави Николовски.

Предложените членови за избирачки одбори кои донеле документ за изземање, оние кои заминалне во пензија, кои поради различни причини, семејни, здравствени, не можеле да бидат членови на избирачките одбори се изземени во координација со ДИК. Во моментов се подготвуваат решенија за новоназначените членови од ДИК за избирачките места за референдумот.

Николовски појаснува дека за разлика од изборите, за реферндумското изјаснување, политичките партии не делегираат свои претставници.