Зошто нејаснотиите што ги содржи преспанскиот договор ниту еден од учесниците во кампањата за поддршка на референдумот не ги објасни-на ова прашање пратеникот Павле Богоевски нема одговор. Вели историјата требала да се остави на политичарите, замките во членовите 7 и 8 биле такви само за пропагандистите, како што ги нарече професорите и експертите кои не се согласуваат со содржината на оваа спогодба.

- Политичарите не може да се занимаваат со историја, таа е на историчарите, важно е дека со договорт завршува времето кога бевме нарекувани как ПЈРМ, рече Богоевски во вечерашното издание на емисијата Отворено на Алфа.

На прашањето што направи како поранешен соборец на Ирена Ристиќ, која пред неколку дена објави дека брутално била малтретирана од полициските службеници, за да ја поддржи и заштити, рече ќе го чекал целиот исход од истражителната постапка па потоа ќе реагирал.

На инсистирањето на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Дафина Јованоска Стојаноска да се обелоденат уставните амандмани, оти се дел од договорот и граѓаните имаат право да ги знаат пред 30ти септември, Богоевски одговори дека уште не биле подготвени и затоа не биле презентирани- што пак е различно од изјавата на премиерот според кого ако сега се објават „ќе биле непријатно влијание“ за луѓето пред денот на гласање.