Треба да се почитува мнозинската волја на граѓаните и да се следи правецот кој тие ќе го зацртаат со цел да се обезбеди подобар живот на оваа и на следните генерации граѓани од сите заедници во Македонија.
Ова е заклучено на средбата на премиерот Зоран Заев и претставници и припадници на заедниците на Бошњаци и Горани во Македонија и Косово.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше изразена голема поддршка за европската иднина на земјата која граѓаните треба да ја обезбедат со историската одлука на референдумот на 30 септември.
Премиерот Заев се заблагодарил за поддршката и потенцирал дека на патот кон НАТО и ЕУ, Владата на Република Македонија работи на интензивирање на економскиот развој, регионалната трговска соработка и обезбедување квалитетен живот за сите граѓани во земјата.