Во еден од спотовите за референдумската кампања се користи и смртта на покојниот претседател Борис Трајковски кој загина во неразјаснета авионска несреќа во 2004 година близу Мостар.

Снимките од авионот во кој настрада Трајковски и седумчлената делегација се ставени во видео спот на „Излези за европска Македонија“ која се емитува на националните телевизии.