Албанците во Македонија ќе излезат да гласа "за", на референдумот, бидејќи се убедени дека не можат и по три децении неуспешни обиди за плурализам, демократија, обиди за излез од транзицијата, сè уште да живеат во држава која ги негира и ги крши колективните права на Албанците, вели во колумна за косовски Бота Сот, албанскиот професор Абдула Мемеди.
Според него, Албанците се свесни дека со успешниот референдум, ќе се надминат проблемите со нефункционирањето на владеењето на правото, правосудството, универзалните принципи на човековите права и слободи, корупцијата и криминалот во Македонија. Но, пред се, имале обврска да излезат, за да покажат дека се автохтони во земјава и оти имале предци тука уште од античко време,вели професорот.
-Албанците ќе гласаат „за“оти тие се рамо до рамо со големите сили на светот, особено заедно со своите сојузници, САД, ЕУ и НАТО, за да се зајакне стабилноста, одржувањето на мирот и безбедноста во земјата и во регионот, каде што низ вековите имало големи судир на култури и цивилизации, геополитички и геостратешки интереси, и речиси секогаш на штета на Албанците, пишува Мемеди во својата денешна колумна.