Јас никогаш не би се дрзнала од граѓаните од кои извира суверинетитетот на оваа земја да барам одговорност за практицирањето на нивното демократско прави да не/гласаш, вели Марија Ристеска од тинк-тенк организацијата Центар за истражување и креирање политики.
Таа на социјалните мрежи детално образложи зошто одговорноста е кај институциите а не кај граѓаните.
-Заради тоа што не ги информираа граѓаните за договорот (20 страни кои тешко се читаат и разбираат од специјалисти, а безмалку воошто не се разбирливи за обични граѓани) за да истите донесат информиран избор, заради тоа што водат кампања преку која шират лаги (ќе сме добиеле повеќе пари од ЕУ, а претпристапна помош дефинирана до 2026, а следната ни самата ЕУ не знае колкава ќе биде зашто треба да и се реструктуира и институциите и буџетот; или ќе сме имале бесплатни здравствени услуги; или дека ќе сме имале сигурен пазар за нашите производи кои неисполнуваат стандарди), пишува Ристеска.
Според неа неодговорно од страна на институците е да трошат пари од буџет за кампања без да не информираат од која ставка им се парите, како и зошто сите министри се во кампања „ЗА“ иако владата треба да биде неутрална.
-Кои се импликациите од договорот? Какви се уставните промени? Колку имплементацијата ќе не чини? Од каде, како ќе генерираме пари за овие, а не за други приоритети (на пример да унапредиме квалитет на образование, да ги зајакнеме независните институции и да обезбедиме подобра здравствена заштита)? , прашува Ристеска.