Идентитетот можеби малку ќе се чепне, но нема да го изгубиме, референдумот и договорот со Грција за мене се четвртиот Илинден, вели професорот- социолог, Илија Ацески. Истиот професор не мислеше вака кога во периодот пред договорот, 200 интелектуалци се потпишаа на писмото, со кое бараа од Владата да ги прекине преговорите со Грција.

- Се потпишав на тоа писмо оти тогаш не бев доволно информиран ниту свесен, што реално се случува и каков договор ќе произлезе и сакав да и покажам на Владата нема да може да прави што сака. Но сега сметам дека идентитетот само малку ќе се допре, и можеби ќе не боли, но нема да има значителни промени. Колективниот идентитет стои, и никој сега не го доведува во прашање, изјави Ацески во вчерашната дебата на Отворено на Алфа.

Проблемот, според професорот, е во заедничката меморија за личности како Александар Македонски, заради што се судираме со Грција. Што се однесува до влезот во ЕУ ќе треба „добро да се испотимево наредните 5-6 години“ вели Ацески. За него промената на уставното име на Македонија не значи идентитетска промена