Во општина Гостивар од обработените податоци до девет часот на гласање излегле 1.365 граѓани (1,73 отсто).
Од ОИК информираат и дека досега не се пријавени нерегуларности или попречување на референдумското изјаснување.
На подрачјето на општина Гостивар, за денешниот референдум ќе се гласа на 121 избирачко место, а право на глас имаат вкупно 79.160 граѓани, кои се запишани во единствениот Избирачки список.