Во првите четири часа од изборниот процес во општина Битола гласале 12 отсто од граѓаните со право на глас.
Од ОИК Битола информираат дека гласањето се одвива демократски и без проблеми на сите 170 гласачки места.
Во општина Демир Хисар од 7.090 регистрирани гласачи на единствениот избирачки список, до 11 часот гласале 8,7 отсто од граѓаните учесници на денешниот референдум. Гласачкиот процес е во тек.