Вкупно 1.391 лице од регистрирани 16.760 гласачи во Избирачкиот список во општина Ресен денеска до 11 часот го оствариле референдумското право.

Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански прецизира дека до овој период излезени се 8,3 отсто насалението во Преспа со право на глас.

- Гласањето тече во најдобар ред. Досега не се регистрирани неправилности, изјави Тански.

Граѓаните на Република Македонија денеска имаат можност да се изјаснат на референдум на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.