Според податоците од Општинската изборна комисија Велес, од вкупно 46 110 гласачи во Единствениот избирачки список до 11 часот на референдусмкото гласање излегле 3 728 гласачи или 8,09 проценти.
Лили Велковска, претседател на ОИК, изјави дека гласањето во Општина Велес е на 84 избирачки места.
- Сите избирачки места беа отворени навреме и гласањето се одвива во најдобар ред и без инциденти, информира Велковска.