Во Делчево и Македонска Каменица од вкупно 21.387 до девет часот своето право на глас го оствариле 878 гласачи. Според информациите на Владимир Петровски, излезноста на референдумот во Делчево до девет часот изнесува 4,3 проценти. - Во Делчево сите 36 гласачки места се отворени навреме во седум часот. Досега не се забележани никакви нерегуларности и било какви други проблеми со што можеме да заклучиме дека гласањето тече во најдобар ред. По пресекот направен во 09:00 часот од вкупно 14.721 гласач своето право на глас го оствариле вкупно 645 гласачи или во проценти 4.3 проценти, рече Петровски. На гласањето во Македонска Каменица според информацијата на Сања Митревска, претседател на Општинската изборна комисија, до девет часот гласале 233 гласачи. - Во Македонска Каменица на 17 избирачки места гласаат вкупно 6666 гласачи. Од оваа бројка своето право на глас го оствариле 233 гласачи. Гласањето започна навреме, на избирачките места нема никакви проблеми и неправилности, информира Митревска.