Во Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица од вкупно 36.525 гласачи до 13 часот своето право на глас го оствариле 6.383 граѓани. Од нив најмногу гласачи излегле во Делчево каде според претседателот на општинската изборна комисија Владимир Петровски излегле 2.657 граѓани.

- Процентуално во Делчево гласале 18 проценти од запишаниот број гласачи или од вкупно 2.657 граѓани го оствариле своето референдумско право. Гласањето и понатаму се одвива без никакви проблеми, информираше Петровски.

Во Берово, како што изјави Мишо Догазански, до 13 часот своето право на глас го оствариле 17,86 проценти од запишаните гласачи.

- Референдумскиот процес се одвива без посериозни проблеми при што од добиените извештаи констатираме дека до 13 часот во Берово на вкупно 16 гласачки места од 10.960 запишани граѓани во избирачкиот список своето референдумско право го оствариле 1958 граѓани, рече Догазански.

Според информациите кои ги добивме од претседателот на општинската изборна комисија во Македонска Каменица до 13 часот своето право на глас од 6.666 гласачи го оствариле 968 граѓани или 14 провенти од запишаните гласачи.

Во Пехчево на девет избирачки места од 4.178 граѓани до 13 часот своето референдумско право го оствариле 19,15 проценти од запишаните гласачи или 800 граѓани.