Во Демир Капија до 13 часот гласале 16,77 отсто од гласачите. Засега, референдумскиот процес се одвива без проблеми.
Како што информираше претседателката на Општинската изборна комисија Стојна Топчиева, се гласа на 11 избирачки места.
Право на глас имаат 3.364 жители на Демир Капија.
Вчера гласаа 23 немоќни лица од Демир Капија.