Вкупно 2.268 лица или 13,53 отсто го оствариле своето референдумско право во општина Ресен од регистрирани 16.760 гласачи во Избирачкиот список.

Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Танески информира дека гласањето тече добро и не се забележани нерегуларности.

Сите 50 избирачки места во Преспа беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните имаат можност да се изјаснат дали се „за“ или „против“ референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕИ и НАТО, со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.