Непречено и без проблеми се одвива денешното гласање во Прилеп, информираат од општинската изборна комисија.

До 11 часот на гласање излегле 11,49 насто, но на некои избирачки места во центарот на градот до 13 часот одѕивот на гласачите е над 26 насто. Во избирачкиот список се запишани 64.309 гласачи.

Без проблеми тече денешното гласање и во општините Крушево, Долнени и Кривогаштани.

Во Крушево своето право на глас го остваруваат вкупно 7933 избирачи на 22 гласачки места и до 13 часот гласале 20,77 насто, во Кривогаштани 4737 жители со право на глас гласаат на 13 избирачки места и досега гласале 10,38 проценти, а на 40 гласачки места во Долнени до 13 од запишаните 11580 гласале 16,5 насто.