Тов вести во речиси сите грчки медиуми денеска е референдумското изјаснување на македонските граѓани. Во мнозинството од нив се нагласува процентот на излезност како клучен услов или последна пречка во исполнувањето на договореното во преспанскиот договор.

Последна вест во врска со гласањето на грчката телевизија „Скај“ е со наслов „Скопје: Апстиненција му суди на референдумот- низок одзив на гласањето„ . Во текстот од прилогот стои дека гласањето е отворено на време, и дека процесот тече со слаб одзив.

Весникот „Катимерини“ пишува „Граѓаните на ФИРОМ гласаат за договорот за промена на името“, а во текстот е направена ретроспектива за тоа дека „луѓето одлучуваат во врска со повикот на прозападната влада на Заев, за отворање на патот за членство во НАТО и ЕУ, со решавање на деценискиот спор околу името“. Според весникот, референдумот е една од последните пречки за договорот меѓу „ПЈРМ и Грција, што ја спречило ПЈРМ да се приклучи кон големите западни институции“. Во продолжение на текстот се вели дека „Грција, која има своја северна провинција наречена Македонија, отсекогаш тврдеше дека името на ПЈРМ претставувало барање на нејзина територија“.

Весникот „Иефемерида“ пак оди со наслов „За Преспанскиот договор: Отворени се гласачките места за референдумот во Скопје – клучен е процентот на учество“