За бугарските медиуми референдумот во Македонија е одлучувачки ако земјата сака да стане дел од евроатланското семејство. „Монитор.бг“ пишува дека „Започна референдумот за името на Македонија“, а во продолжение на текстот се објаснува дека „граѓаните на поранешната југословенска република ќе одлучат дали прифаќаат промена на името во Република Северна Македонија.
Бугарскиот весник „Труд“ оди со сличен наслов, потенцирајќи дека ова е историско изјаснување на земјата, па гласи: „Македонците гласаат на историски референдум“. Внатре се објаснува дека излезноста ќе покаже каква е одлуката на граѓаните, односно дали Македонија ќе го промени името.
На слична линија е и весникот „24 часа“, на неговото електронско издание стои „ Во Македонија започна гласањето на референдумот“.