За општината Шуто Оризари како да не важат правилата да нема прппаганден материјал на неколку метри од Општината. Во близина на едно од гласачките места, самата општинска зграда е залепена со плакати. За одговорните, оние кои ги залепиле плакатите, нема ништо спорно во тоа што пропагандниот материјал не е отстранет пред да биде отворено гласачкото место. И покрај присуство на новинарска екипа, агитаторите не престанале да вршат притисок врз луѓето.
- Нема никаква пропаганда, каде гледате? Јас не гледам никаква пропаганда. Не се зима насила народот да гласа, сами си одат, еве гледате, вели поставувачот за „Алфа ТВ“.
Пред гласачкото место биле забележани списоци на кои луѓето кои излегле да гласаат - се потпишуваат. До 11 часот излезноста во Шуто Оризари е околу 4 проценти.