Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, утрово го оствари своето гласачко право на референдумот за Договорот меѓу Македонија и Грција. Утрово својот глас го оствари и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
Двајцата се дел од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, чиј став за референдумот е секој да прави како што сака и не посочи ниту на бојкот, ниту на гласање За ниту Против, пренесоа дел од медиумите.