На фејсбук страната на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Неготино се пласираше информација дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им се праќаат лажни пораки за да излезат и да гласаат на референдумот.

„СДС повторно со лаги, уцени и притисоци!!! Пристигнуваат смс пораки со лажна содржина дека ВМРО ДПМНЕ повикува на гласање. НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ОВИЕ ЛАГИ И ИНФОРМАЦИИ! ТАКВА НАСОКА ОД ВМРО ДПМНЕ НЕМА!!! За ваквите нерегуларности и притисоци пријавено е до сите надлежни институции. ВМРО ДПМНЕ ОК НЕГОТИНО БОЈКОТИРА!„ стои во известувањето на овој општински комитет

„ВМРО-ДПМНЕ браќа и сестри, утрово постигнавме клучен договор. ВМРО била и ќе биде достоинствена политичка партија. Да излеземе да гласаме за спас на Македонија“, била содржината на пораките.

Од општинскиот комитет велат дека зад пораките стои СДСМ, која, додаваат, се користи со лаги, уцени и притисоци.

„Пристигнуваат СМС пораки со лажна содржина дека ВМРО ДПМНЕ повикува на гласање. Не наседнувајте на овие лаги и информации! Таква насока од ВМРО ДПМНЕ нема!!! За ваквите нерегуларности и притисоци пријавено е до сите надлежни институции. ВМРО ДПМНЕ ОК НЕГОТИНО бојкотира!“, стои на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино

Сликата е превземена од фејсбук профилот на ОК Неготино