Мирно и демократски се одвива гласањето во општините Новаци и Могила, информираат тамошните изборни комисии.

Од ОИК Новаци информираа дека до 15 часот гласале 539 жители од таа општина или 18 отсто од избирачите евидентирани во единствениот избирачки список.

Од ОИК Могила потврдија дека до 15 часот гласале 632 граѓани, или 11,74 отсто од лицата со право на глас.